Лидерите на Европската Унија (ЕУ) во вторник (12 август) изјавија дека „Украина има природно право да ја избере својата судбина“.
Ставот на европскиот блок доаѓа три дена пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин за да разговараат за прекинување на руската инвазија на Украина, која започна во 2022 година.
„Ние, лидерите на ЕУ, ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп за прекинување на руската агресивна војна против Украина и постигнување праведен и одржлив мир, како и безбедност за Украина“, се вели во соопштението.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Не очекуваме ништо“: Украинците за средбата Трамп-Путин во Алјаска
„Одржливиот мир што носи стабилност и безбедност мора да го почитува меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на независност, суверенитет, територијален интегритет и меѓународни граници што не можат да се променат со сила“, се додава во соопштението на блокот.
Се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери да се сретнат со Трамп во среда.
Трамп беше нејасен во врска со неговите очекувања за самитот во петок со Путин во Алјаска, велејќи дека сака да „види и процени“ какви идеи има рускиот лидер за прекинување на војната во Украина.
Зеленски ја отфрли можноста Украина да ги предаде териториите окупирани со сила.
Трамп, кој јавно се судри со Зеленски за време на состанокот во Белата куќа во февруари рече дека е „малку загрижен“ за ставот на украинскиот претседател и инсистираше дека ќе мора да има размена на територии.
„Ќе има некои размени, ќе има некои промени на територија“, изјави тој.
Видете и ова: Венс: И Украина и Русија, најверојатно ќе бидат „незадоволни“ од каков било мировен договорСепак, американскиот лидер исто така рече дека ќе му каже на Путин дека мора да ја заврши оваа војна.
Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август. Европската Унија се обидува да го вклучи Зеленски во тие разговори.
Американскиот претседател исто така изјави дека „ќе се обидеме да вратиме дел од таа територија на Украина“.
Ова не е прв пат американскиот претседател да спомене „размена на територии“, иако останува нејасно дали Русија воопшто планира да отстапи некоја територија на Украина.