Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани повторно обезбеди специјализирана компресивна облека наменети за лицата кои преживеаја во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Иницијативата соопшти дека се работи за 176 парчиња облека, вредна 2.193.047 денари, средства кои се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората.
Видете и ова: Пет месеци од пожарот во „Пулс“ - родителите по 18.пат излегоа на маршСо ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари – велат од Сапорт Кочани.
-Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица. Благодарение на секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација, успеавме да ја обезбедиме оваа донација, порачуваат од Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани.
Оттаму додаваат дека облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.
Видете и ова: Обвинението за несреќата во Кочани на стенд-бајПожарот во дискотеката „Пулс“, беше кобен за 62 лица, а околу 200 беа повредени.