Руската армија во раните утрински часови на 19 август изврши една од најголемите воздушни офанзиви овој месец, користејќи 270 дронови и 10 ракети, соопштија Украинските воздухопловни сили.
Од нив биле соборени 230 дронови и шест ракети. Сепак, удари биле регистрирани на 16 локации со четири ракети и околу 40 дронови.
Локалните власти соопштија дека централниот украински град Кременчук бил сериозно погоден, оставајќи стотици корисници во Полтавска област без електрична енергија.
„Токму во моментот кога Путин му зборуваше на Трамп по телефон дека сака мир, неговата армија започна нов масовен напад врз Кременчук. Светот повторно виде дека Путин не сака мир – тој сака уништување на Украина“, изјави градоначалникот Виталиј Малецки.
Видете и ова: Трамп се обидува да договори средба меѓу Зеленски и Путин, по разговорите во Белата куќаГувернерот на Полтавска област, Володимир Когут, потврди дека биле погодени административни згради на еден локален енергетски објект и дека околу 1500 домаќинства и 119 деловни објекти останале без струја.
Русија, пак, соопшти дека украински дронови предизвикале пожари во нафтена рафинерија и на покрив на болница во Волгоградска област.
Од почетокот на војната, и Киев и Москва редовно напаѓаат клучна инфраструктура на другата страна.