Нацрт-верзијата на воената компонента на безбедносните гаранции за Украина веќе се обликува, изјави висок украински функционер, додека САД повторија дека европските земји ќе мора да го преземат најголемиот дел од товарот за обезбедување гаранции.
„Почна работата за воспоставување на воената компонента на гаранциите, кои се дискутираат како дел од решавањето на војната со Русија“, изјави Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Нашите тимови, првенствено воени, веќе започнаа активна работа на воената компонента на безбедносните гаранции“, напиша Јермак на 20 август по состанокот на советниците за национална безбедност од западните земји и НАТО.
„Украина е подготвена за секаков формат на дијалог за праведен крај на војната“, додаде Јермак, но предупреди да не се повторува „грешката во Будимпешта“, што е референца на Меморандумот од Будимпешта од 1994 година, кој имаше за цел да обезбеди безбедност во замена за откажување на Украина од нуклеарното оружје од советската ера.
Русија го прекрши меморандумот кога го анектираше Кримскиот полуостров во 2014 година и започна целосна инвазија во 2022 година.
Видете и ова: Венс: И Украина и Русија, најверојатно ќе бидат „незадоволни“ од каков било мировен договорЈермак рече дека Украина, исто така, работи со своите сојузници на план за тоа како да се продолжи „во случај руската страна да продолжи да ја продолжува војната и да ги нарушува договорите за билатерални и трилатерални формати на лидерски состаноци“.
Малку подоцна, на 20 август, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, рече дека Европа треба да биде подготвена да ја преземе водечката улога во обезбедувањето безбедносни гаранции.
„Не мислам дека ние треба да го носиме товарот тука. Мислам дека треба да бидеме од помош ако е потребно да се запре војната и да се запре убивањето. Но, мислам дека треба да очекуваме, а претседателот сигурно очекува, дека Европа ќе игра водечка улога тука“, изјави Венс за Фокс њуз.
„Без оглед на формата што ќе ја добие ова, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот“, рече тој.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Политички бенефит за Зеленски од безбедносните гаранции на САД и Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно оваа недела за Фокс њуз изјави дека европските земји, во однос на безбедноста, се „подготвени да испратат луѓе на терен“.
„Подготвени сме да им помогнеме со работи, особено, веројатно од воздух.“
Трамп не даде детали за тоа каков вид воздушна моќ на САД ќе биде обезбедена, но рече дека таа би можела да го поддржи распоредувањето на европски трупи што Франција и Велика Британија размислуваат да ги обезбедат како дел од таканаречената „Коалиција на добронамерните“.
„Ќе им пружиме многу добра заштита“, рече Трамп.
Безбедносните гаранции беа главна тема на разговор на 18 август кога Трамп ги угости Зеленски и лидерите на неколку европски земји во Белата куќа. Средбата следеше по неговиот самит минатата недела во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин.
И покрај обидите на Трамп да ги донесе двете страни на преговарачка маса, Путин не покажа знаци дека ќе се откаже од своите претензии за територија, вклучително и земјиште кое не е под руска воена контрола.