Српскиот претседател Александар Вучиќ на 26 август телефонски разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за понатамошно подобрување на соработката меѓу двете земји и политичката ситуација во регионот.
„Разговаравме за ситуацијата во Босна и Херцеговина, кризата што беше предизвикана однадвор, со постојани напади врз (босанско-херцеговскиот ентитет) Република Српска“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ претходно, како одговор на одлуката во Босна и Херцеговина да му се одземе мандатот на Милорад Додик како претседател на тој ентитет, изјави дека Белград „секогаш ќе стои покрај нашиот народ и Република Српска“.
Мандатот на Додик беше одземен откако беше осуден на една година затвор и му беше забрането да извршува јавна политичка функција во следните шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.
Видете и ова: На Република Српска ѝ се заканува институционален распадПрорускиот лидер на водечката српска партија во Босна и Херцеговина има поддршка од Москва.
Вучиќ изјави дека го информирал рускиот министер за надворешни работи и за ситуацијата во Косово и, како што напиша, „обидите за постојано протерување на нашето население од вековните домови, како и за молчењето на мнозинството од меѓународната заедница“.
Вучиќ рече дека „во долг и срдечен разговор“ со Лавров, било договорено да се продолжи со развивање на односите во различни области и дополнително да се подобри комуникацијата на разни форуми, организации и институции на меѓународно ниво.
Видете и ова: Додик предложи мандатар на Владата на РС без законско овластувањеБелград продолжи да одржува блиски односи со Москва дури и откако Русија се најде под санкции од Европската Унија, САД и други западни земји поради нејзината инвазија врз Украина.
Иако Србија е кандидат за членство во ЕУ, властите одбиваат да се приклучат на санкциите кон Русија.
Официјален Белград доби поддршка од Кремљ поради антивладините протести во кои демонстрантите бараат предвремени парламентарни избори.