Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја оживее идејата за мултиполарен светски поредок за време на неговата четиридневна посета на Кина, изјави шефот на Кремљ во интервју објавено во саботата, во пресрет на неговото заминување, јавува германската новинска агениција ДПА.
Неговата средба со кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин, југоисточно од Пекинг, треба да доведе до „дополнителен моќен импулс“ во создавањето на овој светски поредок, изјави Путин за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.
Тој не ги спомена САД, Украина и „специјалната воена операција“ на Москва за освојување на соседната земја во долгото интервју објавено на веб-страницата на Кремљ. Сепак, Путин постојано зборуваше за прекин на доминацијата на САД врз светските работи. Во интервјуто, тој го забележа и слабеењето на доларот.
Видете и ова: Поранешниот претседател на украинскиот парламент, Парубиј, е застрелан во ЛвивНа пример, Русија и Кина речиси целосно ја префрлија својата трговија на своите национални валути. Тој, исто така, го гледа зајакнувањето на Глобалниот Југ, предводен од земјите на БРИКС - првично Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, со приклучување на нови членки - како суштински дел од новиот светски поредок.
Според Кремљ, Путин треба да одржи разговори во Кина со бројни лидери, вклучително и од Индија, Турција, Иран, Србија и Пакистан. Самитот, кој треба да се одржи од 31 август до 1 септември, ќе биде најголемиот откако е основан ШОС пред 24 години за борба против тероризмот и продлабочување на економската соработка, според Пекинг.
Кина, земјата-претседавач, очекува да присуствуваат претставници од 20 земји и 10 организации. ШОС сега има 10 земји-членки. Покрај основачите Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, таа ги вклучува и Индија, Пакистан, Иран од 2023 година и Белорусија од 2024 година.
Путин сака да ја прошири трговијата со Кина. Како што јасно стави до знаење, главната загриженост на Путин во Кина е зајакнување на односите со клучниот трговски партнер на Русија.
Кина е најважниот клиент на Русија за нафта и гас. Русија ги користи приходите за финансирање на својата војна против Украина, а исто така има корист од кинеските стоки потребни за производство на оружје.
Кремљ ја опишува посетата на Путин на Кина како без преседан во однос на нејзината должина и обемот на состаноците и темите што се опфатени.
Коментаторите во Москва го гледаат патувањето како уште еден доказ за оддалечувањето на Русија од Западот и нејзиното „бесконечно пријателство“ со Кина. Путин, исто така, ќе биде водечки гостин на Си на воената парада во Пекинг на 3 септември.