Кина денеска (4 септември) ја бранеше својата одлука да ги покани лидерите на Русија и Северна Кореја на воената парада и свеченостите по повод одбележувањето на 80 години од крајот на Втората светска војна, за кои американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини дека ги користат за заговор против САД.
Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social му се обрати на својот кинески колега Си Џинпинг, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот Владимир Путин го придружуваа Џинпинг на масовна парада во Пекинг, на која се прикажуваше воената моќ на Кина.
„Пренесете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун, додека правите заговор против Соединетите Држави“, напиша Трамп.
Видете и ова: Си, Путин и Ким покажаа единство на кинеската воена парадаЗапрашани за коментар за објавата на Трамп, Министерството за надворешни работи на Пекинг соопшти дека „странски гости“ биле поканети да одбележат 80 години од крајот на Втората светска војна.
„Тоа е да работиме заедно со мирољубивите земји и народи за да се сеќаваме на историјата, да го негуваме споменот на мачениците, да го негуваме мирот и да ја создаваме иднината“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун.
„Развојот на дипломатските односи на Кина со која било земја никогаш не е насочен против која било трета страна“, рече тој.
Кремљ во средата изјави дека се надева оти тврдењето на Трамп на социјалните мрежи е шега.