Петмина мртви во пукотница во Ерусалим

Израелската полиција и службите за итни случаи работат на местото на пукање во предградието на Ерусалим, 8 септември 2025 година.

Пет лица биле убиени, а повеќе од десетина повредени во пукотница во окупираниот Источен Ерусалим денеска наутро (8 септември), потврдија израелските власти.

Израелската полиција соопшти дека двајца „терористи“ отвориле оган врз автобуска станица на раскрсницата Рамот на северната периферија на градот.

Според израелските служби за итни случаи, Маген Давид Адом, најмалку 15 лица се повредени.

Петмина од нив се во критична состојба, додека неколку други се здобиле со полесни повреди од скршено стакло.

Видете и ова: Трамп најави можен договор за Газа

Израелската полиција соопшти дека „двајцата напаѓачи се неутрализирани“ и дека инцидентот се третира како „терористички напад“.

Безбедносните сили ги затворија пристапните патишта и распоредија дополнителни единици на местото на настанот.

Израелските медиуми објавија дека нападот се случил додека возилата се движеле по една од главните сообраќајници во Ерусалим.

Ситуацијата останува под полициска истрага.