Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата.
„Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односно да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.
Томовски вели дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади возила, нагласувајќи дека МВР заклчучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.
„Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември, овој месец да ги брендираат сите возила. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани“, нагласи Томовски.
Видете и ова: Владата апелира институциите да ги пријават службените возила во ДКСКПравилникот не предвидува казни, рече Томовски, појаснувајќи дека доколку некои избегнат односно не направат брендирање во рокот до 29 септември тоа ќе мора да го направат со регистрација, кога ќе добијат специјални таблици во боја.
Правилникот предвидува да се брендираат сите возила кои што се во сопственост на државата, како што се владините возила, општинските возила, возилата на Јавните претрпијатија и се она што значи доминантна сопственсот на државата.
Правилникот ќе претрпи мали измени во текот на годинава, бидејќи ги опфаќа и возилата кои што се за специфични намени, како што се дел од возилата на МВР и дел на Агенцијата за национална безбедност. Тие ќе бидат исклучени од ова брендирање, но сите останати ќе бидат брендирани.
„Зборуваме најмногу за возила кои го користи администрацијата. Да ќе има дел од МВР кои што ќе бидат исклучени, но дел ќе бидат брендирани, бидејќи ги користи администрацијата“, изјави Томовски.
Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули, а први чии возила веќе се брендирани се СОЗР, ТИРЗ, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа.