Сѐ уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера во 15:15 часот.
„Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина“, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во гаснењето на пожарот интервенираат седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Видете и ова: Пожар во скопската депонија ДрислаОд Центарот информираат дека пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место.
Депонијата Дрисла е лоцирана во југоисточниот дел од територијата на Град Скопје и е оддалечена 14 километри од центарот на градот. Се простира на површина од 76 хектари и во неа се врши третман на комунален отпад, градежен шут, индустриски и медицински отпад.