Заклучно со вчера (9 септември) во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 во подрачните одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се провериле вкупно 5729 граѓани, од кои 3397 мажи и 2332 жени.
Како што информираат од ДИК за МИА, осум лица побарале запишување во Избирачкиот список, 136 лица побарале бришење од кои 134 поради смрт и две лица поради отпуст од државата. Вкупно 59 лица побарале промена на податоците во избирачкиот список најчесто заради промена на презиме или промена на адреса на живеење.
Проверката во Избирачкиот список трае до утре, 11 септември (четврток) до полноќ.
Во сабота (13 септември) на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатури за локалните избори.
Локалните избори се закажани за 19 октомври. Ќе се бираат градоначалници и совети во 80 општини и Градот Скопје.
Видете и ова: До почеток на изборната кампања, сите службени возила треба да бидат брендираниДенеска членовите на Државната изборна комисија (ДИК) ја одржаа 134 редовна седница на која донесоа повеќе одлуки во функција на претстојните локални избори.
Членовите на ДИК утврдија измени на образецот, познат како Образец број 16 според кој се поедоставува работата на Општинските изборни комисии (ОИК) при сумирање на резултатите на гласачките места каде што се пополнуваат записниците. Според членовите на ДИК со Образецот-16 се овозможува поефикасно работење на Општинските изборни комисии.
Воедно утврдија и едногласно изгласаа Упатство за утврдување на идентитетот на гласачите кое како што беше речено е прилагодено за локални избори, прифатија барања на девет членови на ОИК за нивно изземање со претходно образложение на поднесените барања за изземање од членување во ОИК и едногласно врз приниципот на случаен избор, избраа девет нови членови на соодветните изборни комисии.