Скопје го поклопи сива магла, со денови мириса на изгорено
Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа со коментари дека состојбата со загадувањето на Скопје, особено по последниот пожар на депонијата Дрисла, е крајно алармантна и дека „Скопје се разбудило покриено со сива магла“.
Според мерните станици на мрежата Air Care, највисоки се вредностите на загадувачките честички во Лисиче, 90 микрограми на кубен метар ПМ 10 и 45 микрограми ПМ 2,5, и во Гази Баба 77 ПМ 10 и 32 Пм 2,5. Повисоки вредности на загадување има и во Аеродром, Мичурин и Реонски Центар.
Депонијата „Дрисла“ изутринава и натаму чади сè уште но со помал интензитет од претходно, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
На панорамските снимки се гледа дека речиси половина од градот утрово бил покриен со чад, смог и магла, а мирисот на тлеење и на изгорено веќе неколку дена се чувствува дури до Ѓорче Петров.
Највисоките градби во Скопје, кулите Џевахир, денеска наутро „ги немаше“
Зимска магла во септември - коментираат скопјани