Бугарите протестираа против притворањето на градоначалникот на Варна

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Илјадници луѓе демонстрираа во Софија на 16 јули поради апсењето на градоначалникот на Варна, Благомир Коцев, една недела претходно. Коцев е обвинет за барање поткуп, но еден функционер кој подоцна сведочеше против него рече дека бил присилен да ја даде изјавата. Поддржувачите на Коцев велат дека Комисијата за борба против корупцијата на бугарската влада се користи како политичка алатка против лидерите кои припаѓаат на опозициските партии.