Дали Трамп се откажа од демонтирањето на нуклеарната програма на Иран?

илустрација

Разговорите за нуклеарната програма со висок ризик меѓу САД и Иран веќе влегоа во техничка фаза по само две рунди преговори со посредство на Оман.

Третата рунда разговори, заедно со одделни технички дискусии, е закажана за 26 април во Мускат.

Напредокот ги поттикна шпекулациите, особено во Иран, дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажала од барањето за демонтирање на нуклеарната програма на Техеран во корист на едноставно ограничување.

Но, аналитичарите предупредуваат дека е премногу рано да се извлечат такви заклучоци.

Иако преминот кон технички дискусии може да сугерира омекнување на барањата на Соединетите Држави, аналитичарите велат дека демонтирањето сè уште може да биде основната цел - или барем точка на влијание.

„Никогаш не мислев дека демонтирањето е веродостојна цел. Но, ако ова сè уште е во главите на администрацијата на Трамп, тогаш долгорочната перспектива е сè уште мрачна“, рече Ричард Нефју, кој беше водечки експерт за санкции во американскиот тим што го постигна нуклеарниот договор со Иран во 2015 година.

Тој истакна дека за време на разговорите што на крајот доведоа до Заедничкиот сеопфатен план за акција се воделе и технички преговори, дури и кога барањата на САД останале максималистички.

Џејсон Бродски, директор за политика во „Обединети против нуклеарен Иран“ ја гледа сегашната траекторија не како отстапка, туку како стратешки притисок.

„Доктрината на Трамп за Иран се обликува таму каде што му дава на Иран избор: Или ќе ја демонтирате вашата нуклеарна програма или САД и/или Израел ќе ја демонтираат за вас“, рече Бродски.

Видете и ова: Иран и САД ќе се сретнат во Оман, покрај големите тензии и ниската доверба

Дали на Иран му „истекува“ времето ?

Некои, особено застапниците на расклопувањето на нуклераната програма тврдат дека Исламската република ги одолговлекува преговорите за да го забави враќањето на санкциите на ОН.

Велика Британија, Франција и Германија се заканија дека ќе го активираат механизмот за „враќање“ на Заедничкиот сеопфатен план за акција или повторно воведување санкции на ОН против Техеран - ако не успее да постигне договор со Соединетите Држави до крајот на јуни.

Сепак, тој механизам истекува во октомври.

И двајцата аналитичари се согласуваат дека Иран гледа вредност во продолжувањето на процесот за да се запре притисокот, да се избегнат санкциите за враќање или едноставно да се купи време.

„Постои само одредена количина притисок што може да го победи „часовникот што отчукува“, бидејќи дури и по истекот на враќањето, сè уште имате непријателски настроени Соединетите Држави со нивната национална кампања за санкции“, рече Нефју.

„Иран сака да постигне пристоен договор, но тие ќе го прифатат потрошеното време и одложената воена акција како утешна награда“, додаде тој.

Бродски понуди поостар став, нарекувајќи ги преговорите „штит“ што Техеран го користи за да ја заштити својата нуклеарна работа од понатамошно испитување или дејствување.

„Иран губи само ако преговорите пропаднат. Сепак, на Соединетите Држави не им се потребни разговорите толку колку што им се потребни на Иран“, уверен е Бродски.

Како би изгледал добар договор со Иран?

И покрај скептицизмот околу тоа дали укинувањето е сè уште реално барање, аналитичарите се согласуваат дека договор што ги ограничува нуклеарните активности на Иран сè уште може да биде веродостоен, ако вклучува клучни заштитни мерки.

„Заедничкиот сеопфатен план за акција ни дава многу совети тука. Ќе ви требаат три работи: верификација на ограничувањето, физички ограничувања за да не можат брзо да го надминат и веродостоен ризик од последици ако измамат“, вели Нефју.

Видете и ова: Иран: Разговорите со САД беа „позитивни и конструктивни“

Тој истакна дека иако е малку веројатно Иран повторно да ги отфрли своите напредни центрифуги, како што направи според договорот од 2015 година, „сè уште има простор да се најде договор.“

Сепак, Бродски се сомнева дека секој договор без целосно укинување навистина може да го спречи Иран да ја користи својата нуклеарна програма како предност. Тој дури и ниското ниво на збогатување - како што е ограничувањето од 3,67 проценти според Заедничкиот план за сеопфатна акција - го смета за закана.

„Неговото право да збогатува ураниум до 3,67 проценти според Заедничкиот план за сеопфатна акција - беше дел од изнудувачки рекет“, рече тој, осврнувајќи се на тврдењата на Иран дека ќе набави нуклеарно оружје.

„Продолжувањето на овој процес на преговори ги наведува некои набљудувачи да веруваат дека Соединетите Држави му го отстапиле правото да збогатуваат ураниум на Иран“, рече Бродски и додаде:

„Верувам дека администрацијата на Трамп сè уште ги дефинира контурите на тоа како би изгледал прифатлив договор.“