Американскиот претседател Доналд Трамп нареди 2.000 припадници на Националната гарда на САД да бидат распореди во Лос Анџелес и Калифорнија во саботата, пренесоа светските агенции.
Ова следува по два последователни дена судири меѓу демонстрантите и имиграциските власти, додека луѓето протестираа против кампањата на администрацијата на Трамп за масовни апсења на нелегални имигранти.
За време на протестите, агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) притворија десетици имигранти за кои се сомневаше дека се нелегално во САД, што предизвика насилни немири. Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, која возврати со солзавец, бибер спреј и шок бомби.
Видете и ова: „Не е хумано“: По трагата на наводите дека САД планираат депортации кон СрбијаВо саботата, претседателот Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се овозможува распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес. Националната гарда на САД е воена структура што може да биде активирана и на ниво на поединечни држави и на федерално ниво, под одредени услови.
Администрацијата на Трамп изјави дека ова е неопходно бидејќи, според нив, „неодговорните демократски лидери во Калифорнија целосно се откажаа од својата одговорност да ги заштитат своите граѓани“.
Но, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ја нарече одлуката за распоредување на Гарда „намерна провокација“ и предупреди дека тоа само ќе ги влоши тензиите.
„Ова е погрешна иницијатива што ќе го поткопа јавното доверба,“ рече Њусом. Градоначалничката Карен Бас исто така се изјасни против постапките на властите.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет предупреди дека Пентагон е подготвен да мобилизира активни војници „доколку насилството продолжи“ во Лос Анџелес, пишува Ројтерс.
Тој рече дека маринците во блискиот камп Пендлтон се „во состојба на висока готовност“.
Во саботата, федералните безбедносни агенти се судрија со демонстрантите во областа Парамаунт во југоисточен Лос Анџелес, каде што некои демонстранти мавтаа со мексикански знамиња.
Втор протест во центарот на Лос Анџелес привлече околу 60 луѓе во саботата навечер, извикувајќи слогани како „ICE надвор од ЛА!“
Трамп потпиша претседателски меморандум за испраќање војници на Националната гарда за „да се справат со анархијата на која ѝ е дозволено да тлее“, се вели во соопштението на Белата куќа, пренесува Ројтерс.
Видете и ова: Блокирана одлуката на Трамп да им го одземе привремениот правен статус на илјадници мигрантиБорбата против нелегалната имиграција беше едно од главните ветувања на Трамп во неговата изборна кампања. По доаѓањето на функција, презеде низа мерки во таа насока, од кои некои беа оспорени.
На пример, на почетокот на јануари, тој започна со присилна депортација на колумбиски имигранти, кои владата ги смета за нелегални. Колумбија првично одби да ги прими авионите со свои државјани, но попушти откако Трамп се закани со санкции и царини.