Европските сојузници не треба да се грижат за посветеноста на Соединетите Американски Држави кон НАТО, изјави во вторникот, 24 јуни, Марк Руте, шефот на воената алијанса, говорејќи пред самитот на кој се очекува да се одобрат нови трошоци за одбраната.
Дводневниот состанок во Хаг има за цел да му испрати порака на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО е обединет, и покрај претходните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон алијансата, и дека е решен да ја прошири и подобри одбраната за да спречи каков било напад од Москва.
„Американскиот претседател и високото раководство на САД се целосно посветени на НАТО“, рече Руте на јавен форум пред официјалното отворање на самитот, додавајќи, сепак, дека оваа посветеност доаѓа со очекување дека европските земји и Канада ќе ги зголемат своите трошоци за одбрана.
Видете и ова: Трошоците за одбрана, Украина, Трамп - што да се очекува од самитот на НАТО во ХагСамитот и неговата конечна декларација ќе бидат кратки и фокусирани на одговор на повикот на Трамп за трошење 5 проценти од бруто-домашниот производ - големо зголемување од сегашната цел од 2 проценти.
Руте го опиша прашањето за трошоците како „пречка, голема иритација, што е фактот дека ние не трошиме толку колку Европејците и Канаѓаните, а тие сакаат да бидеме еднакви на она што го трошат САД“.
Видете и ова: Меѓу реалноста и очекувањата: Колку може да порасне одбранбениот буџет?Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека планира да се сретне со Трамп во Хаг - иако нема да присуствува на самитот.
Во интервју за Скај њуз, емитувано во вторник, Зеленски рече дека тимовите на двајцата лидери работат на организирање на состанокот.
Кога беше прашан за можноста за крај на тригодишната војна во Украина, Руте рече: „Не можам да предвидам кога тоа ќе се случи“. Тој, исто така, го пофали Трамп за соработката со Путин.
Русија ја наведе желбата на својот сосед да се приклучи на трансатлантската алијанса предводена од САД како една од причините за инвазијата на Украина во 2022 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторникот изјави дека НАТО - основан во 1949 година за да се спротивстави на заканата од комунистичкиот Советски Сојуз - е создаден за конфронтација и е на патот на „неконтролирана милитаризација“.