Инцидентите не го одминуваат ниту петтиот ден од масовните антивладини демонстрации во Србија кои се одржуваат и денеска на 16 август во неколку градови.
Во Ваљево, беа демолирани просториите на владејачката Српската напредна партија. Демонстрантите фрлаа камења и факели, а во просториите избувна пожар.
Пожарникарите интервенираа за да го изгаснат пожарот, додека демонстрантите се повлекоа од местото и немаше собири пред просториите. Полицијата не интервенираше за време на инцидентот.
Демонстрантите го скршија и влезот во зградата на Општина Ваљево каде полицијата, која е во полна опрема за разбивање демонстрации, формираше кордон и употреби солзавец. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон кордонот.
Во Белград, имаше конфликт меѓу демонстрантите и полицијата пред општинскиот комитет на СНС, со предупредувања за употреба на сила од страна на полицискиот кордон што ги растера демонстрантите. Меѓу звуците што се слушаа беа и топовски истрели.
Солзавец за време на антивладините демонстрации во Белград
Во Лесковац, учесниците на протестот се приближија до просториите на СНС, но беа запрени од полициските сили што беа поставени како бариера. Демонстрантите најавија дека ќе чекаат да пристигнат претставници на СНС.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека по протестот на 15 август, приведени се 38 лица, а повредени се шест полицајци.
Секојдневните собири на демонстрантите се реакција на протестите во градовите Врбас и Бачка Паланка во Војводина, кога поддржувачите на владата ги нападнаа демонстрантите со пиротехнички средства. Немирите беа предизвикани и од постапките на полицијата тој ден, која демонстрантите ја обвинија дека не презема ништо за да ги спречи нападите.
Видете и ова: Инциденти во Врбас и Бачка Паланка, повредени четворица полицајциКомесарката за заштита на еднаквоста Бранкица Јанковиќ денеска оцени дека конфликтите на улиците низ Србија се случуваат затоа што е изгубена довербата на граѓаните.
Во соопштение за медиумите, таа оцени дека „луѓето ја земаат правдата во свои раце, бидејќи оние кои се должни да го сторат тоа не им обезбедиле заштита“.
„Нееднаквиот третман на граѓаните, давањето предност на некои во однос на другите, создава негодување, гнев, тензии, драматично тешки форми на кои моментално се соочуваме“, рече Јанковиќ.
Во врска со извештајот за прекумерна употреба на сила против демонстрантите, таа ги осуди ваквите постапки на полицијата.
Претседателката на српскиот парламент и функционерка на владејачката Српска напредна партија, Ана Брнабиќ, реагираше на нејзината изјава.
Во објава на социјалната мрежа X, Брнабиќ рече дека изјавата на комесарката е „изјава од лице со нула личен и професионален интегритет“.
Видете и ова: Како до деескалација на судирите во Србија?Масовните протести во Србија траат од ноември 2024 година, откако 16 лица загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Граѓаните и студентите кои ги предводеа протестите бараат одговорност за несреќата, а потоа побараа предвремени избори. Владата одбива да ги распише.
Настаните на улиците во последните денови се кулминација на бранот незадоволство на демонстрантите од една страна и реакцијата на владата на политичката криза со која се соочува од друга страна.