Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.
Секоја година околу стотина пациенти се дијагностицираат со мултипла склероза, но повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија. Станува збор за млади лица, кои ако и понатаму останат без терапија постои ризик за прогресија на болеста.
Пожарот во поранешниот тутунски комбинат, сегашна фабрика за производство на минерални материи што избувна минатата недела во Тетово повторно ги исфрли на површина проблемите со старата и дотраена опрема и недостигот од пожарникари во противпоражните служби.
Државата мора да се загрижи зошто дел од населението е без образование и зошто законите не се применуваат. Според дел од професорите со кои разговараше РСЕ, потребна е долгорочна стратегија која ќе биде надпартиска и нема да се менува со секој нов министер или партија на власт.
Гинеколози, анестезиолози и педијатри нема ниту за лек. Здравството и натаму се соочува со голем недостиг од специјалисти. Што прави државата за да го спречи одливот и што велат младите лекари - зошто одлучуваат да работат во странство?
Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Верниците во и околу храмот со громогласен аплауз го дочекаа соопштувањето на одлуката.
Од здружението на пациенти со ретки болести велат дека на последниот тендер на министерството за здравство за набавка на лекови се појавила новоформирана фирма која ги понудила сите лекови и моментално се разгледува документацијата.
Многу министри и предизборни ветувања, физибилити студии, па дури и сечење црвени ленти, но изградбата на нов клинички центар не е ниту на повидок. Капиталниот проект кој што се најавува години наназад останува само на хартија.
Македонските здравствени власти внимателно ја следат состојбата со новиот тип на хепатит кој се појави кај деца во повеќе земји низ светот, а кој предизвикува и потешки компликации на црниот дроб. Кај нас досега нема потврдено ваков случај. Светските научници и натаму ги истражуваат причините.