Михаило Донев новинарската кариера ја започнува во Слободен Печат, а потоа работи и како новинар во Телевизија 24 и 360 Степени. Од август 2023 година работи како новинар во Радио Слободна Европа.
Граѓанскиот сектор ја бојкотира Владата откако прераспределбата на буџетски пари за НВО од 2022 година на нетранспарентен начин се дадени на Министерството за политички систем. Се жалат дека Владата ги исклучува од дебатите за важни закони. Од Владата молк за се помалата соработка со невладините.
Граѓаните поделени, едни сметаат дека е добро што сите близу имаат голем мол за пазарување, други прашуваат кој ќе купува во сите нив, трети дека Скопје личи на Лас Вегас. Економистите со кои разговаравме велат на Скопје повеќе му треба саем, но на крај победува интересот на самиот инвеститор.
Во Газа имало 20-тина македонски државјани, но сите се евакуирани освен една брачна двојка. МНР најавува чартер-лет за преостанатите македонски државјани од Израел. Некои од оние што се вратени критикуваат дека биле оставени сами на себе. Кумановка се спасила барајќи помош од црногорскиот амбасадор.
Во Израел пристигнавме во петокот, бомбардирањето започна во сабота и ние веднаш испаничивме, раскажува Елизабета Георгиева, една од деветте македонски државјани кои беа евакуирани од Израел. Според МНР, 20 македонски државјани го напуштиле Израел, а уште 100 бараат да се вратат во земјата.
Откако пред две недели цените на одредени прехранбени производи и пијалаци беа намалени за 10 проценти, сега одново дел од тие производи се со повисоки цени. Владата,имено, дел од овие производи ги опфати во најновата мерка за зголемен ДДВ во која требаше да бидат вклучени само луксузните производи.
Редовно на социјалните мрежи гледаме фотографии, видеа од политичари со деца од најразлични пригоди, па се поставува прашањето што од ова е злоупотреба на деца за политички цели?
Покрај борбата за лекот „трикафта“, пациентите со цистична фиброза тешко доаѓаат и до основната терапија со „креон“. Пациентите повторно не ја исклучуваат опцијата да организираат нов протест.
На протестот пред Влада револтираните пензионери ги повторија барањата за покачување на минималната пензија, но потенцираа и дека не се на иста линија со раководството на Сојузот на пензионери. Некои пензионерски здруженија ќе бараат и повеќе да не плаќаат чланарина во Сојузот, а размислуваат и за формирање нов.
Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје буквално е во сообрааќен колапс речиси секое утро, преку услугата Мој Термин тешко се закажува, а тоа е речиси невозможно за пациентите кои не се од Скопје.
Неколку стотици граѓани се собраа на втор протест барајќи правда за жртвите на Клиниката за онкологија. Тие пред Обвинителсвото рекоа дека ќе протестираат до целосно расветлување на случајт. До обвинителството веќе се доставуваат пријави од поранешни пациенти на онкологија. Пациенти за РСЕ сведочат дека бројот на пријави секојдневно расте. Од Обвинителството велат дека не прифаќаат ултиматуми и рокови, но го прифаќаат барањето тројца пациенти да имаат увид во истрагата.
Случајот со онкологија отвори многу сомнежи кај роднини на пациенти кои починале од рак. Обвинителство води предистрага, но не се знае ни кој сè е повикан, ни што точно се истражува. Медиумите пишуваа дека се крадело терапија и се препродавала. Што од ова може да се докаже?
Драстично намален број на ученици годинава има во поголемите општини како Битола, Охрид и Прилеп. Повеќе ученици се запишани само во Аеродром и Чаир. Секоја година сè повеќе деца на македонски државјани се раѓаат во странство, а Северна Македонија е меѓу 20-те земји со најголема стапка на иселување.
Проширување на ЕУ до 2030, според претседателот на ЕС, Мишел или „Европа со повеќе брзини“ на францускиот претседател Макрон, истовремени изјави, збунувачки за земјите кандидати. Домашните аналитичари гледаат исто барање - прво внатрешни реформи во ЕУ, но дали тоа пак ќе го одложи проширувањето?
И народниот правобранител за заштита на правата на децата за РСЕ вели дека е зголемен бројот на пријави со говор на омраза кон деца со попреченост, додека родителите пак бараат одговорност и санкции за оние кои шират вакви пораки кон хендикипираните лица
Американскиот дипломат Ескобар доаѓа во Скопје каде ќе се сретне и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски. Тој пак се жали дека „светот прави стратегија како да го скрши ВМРО ДПМНЕ“ за да гласа за уставните промени со кои бугарското малцинство ќе влезе во Уставот. Нова кампања на власта од 80 илјади евра
Дали државата издаваше лични документи со неуставното име по промената на името во 2019 година? Зошто за промената на важечки документи граѓаните сами ги плаќаат трошоците? Ова се прашањата за кои нема одговор од институциите, а рокот до 12 февруари за промена на документите со новото име тече.
Семејства на загинатите од пожарот во тетовската модуларна болница, но и Тетовци незадоволни од пресудата за овој случај, денеска со транспаренти на протест порачаа дека „Правдата е лажна вест во земјава“. Побараа и ново судење на кое ќе бидат изведени „вистинските виновници“.
Откако се организираа во неколку градови, пензионерите од повеќе здруженија излегоа на протест во Скопје. Нивни барања се линеарно покачување на пензиите од 3500 денари, како и најниска пензија од 18.000 денари. Барањата лично и ги доставија и на министерката за труд и социјална, Тренчевска.
Во неделата кога сите политичари во државата се на колективен одмор владејачките партии објавија документ наречен Манифест за европскиот пат на Северна Македонија. Дали овој втор обид ,по лидерската средба, може да обезбеди мнозинство за уставни измени? ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта доцни, но и оти не го добиле Манифестот за да се изјаснат.
Преиначувањето на казната за случајот со 11-годишната Магдалена не е единствениот во земјава кога имало негодувања како од родителите, така и бројни реакции од самата јавност за одлуките на судовите.
Вчитај повеќе