Неодамнешните медиумски извештаи тврдат дека Русија добила ракетни системи Фат-360 од Иран, заедно со стотици проектили. Еве како изгледа тој вооружен систем и како може да влијае на војната во Украина.
Жителите на Вашингтон, се собраа во локален бар за да ја гледаат телевизиската дебата меѓу потпретседателката на САД, Камала Харис, и поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
Демократската претседателска кандидатка Камала Харис и нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп се судрија околу тоа како да се стави крај на руската војна во Украина во нивната прва дебата лице в лице пред претседателските избори во САД во ноември.
Биби Рафија предава 24 години во женско училиште во Пакистан каде има само една просторија за пет паралелки. Рафија вели дека им е тешко на децата да учат во преполната соба и додава дека ако им треба тоалет, мора да ја користат куќата на соседот. Во Пакистан, многу училишта се во шатори.
Два руски проектили погодија објект за воена обука во централниот украински град Полтава на 3 септември, при што загинаа најмалку 51 лице, а беа повредени повеќе од 200. Зошто на местото беа собрани голем број луѓе, што ги прави изложени на ризик од еден напад?
Се очекува и по овие избори да доминира коалицијата на Алиев. Кандидирањето на наследници на пратениците од власта, кои се борат да ги заменат нивните татковци на парламентарните избори, би можело да претставува доаѓање на сосема нова генерација во азербејџанската елита, која му е должник на актуелниот шеф на државата.
Новиот ЕЕС систем е воспоставен за да ги направи базите на членките на ЕУ поповрзани за да се олесни следењето на времето и местото на престој на патниците. Една од целите е и да се отежни влезот на криминалци или терористити во ЕУ со лажни пасоши
Поради ограничените летови од Украина, машката одбојкарска репрезентација, за Параолимписките игри во Париз, мораше да помине неколку дена низ Европа со воз. Играчите вклучуваат ветерани кои биле ранети во борба, сегашни активни војници и други.
Во трагичен инцидент на реката Дрина, извадени се тела на удавени мигранти кои настрадале откако се превртел нивниот чамец при обид да преминат од Србија во БиХ. Продолжува потрагата по други лица
Сложените волнени килими направени во областа Леијлек во југозападен Киргистан се издвојуваат како уникатна регионална форма на уметност во еден од најоддалечените региони во земјата, каде што има малку можности за локалните жени да заработат.
Тим Валц, гувернерот на Минесота, се кандидираше за потпретседател заедно со актуелната потпретседателка Камала Харис која е во трката за претседателска функција.
По завршувањето на Летните олимписки игри 2024 во Париз на 11 август, РСЕ повторно оживува некои од најнезаборавните моменти на спортистите од регионите каде има свои сервиси и бироа...
Протести и контрапротести во Белград поради најавата за отворање на рудници за ископ на литиум. Демонстрантите против отворањето на рудник, по протестниот марш ги блокираа двете железнички станици во Белград.
Дваесет и едногодишна Киргистанка основала камп во подножјето на 7.000-метарскиот врв Ленин, во близина на киргистанско-таџикистанската граница, кој се здоби со популарност и меѓу странските туристи.
Кај Пехчево повторно се разгоре пожарот над селото Негрево и се доближи до првите куќи во градот. Во села кај Свети Николе пеплосани се 40-тина куќи. Критично денеска беше и во Стар Дојран каде се запали депонијата, а пламените јазици што се проширија зафатија и две куќи. Вчера, пожарите ја зедоа и првата жртва во кумановско.
Вчитај повеќе