Жаклина Илиевска е родена 6 јануари 1972 во Германија. Вработена е во Телевизија Кис како водителка од 1994 година. Од 2001 година е дописник на Радио Слободна Европа од Тетово и Гостивар
Копаничарот Будимир Апостолски вели дека интересот на изработки од дрво, дрворези, и икони последниве години е во пораст, но неповолната економска состојба го прави своето.
Средношколците од земјоделското училиште Моша Пијаде изработиле водич за многубројните цркви и џамии кои ги има во Тетово и околината.
Куќата на Богоевиќи изградена кон крајот на 19 век неодамна е целосноо урната, откако од Управата за заштита на културното наследство одлучиле да ја отстранат од листата на заштитени споменици на културата.
Бројот на корисници на дроги во Тетово се повеќе се зголемува, велат од Центарот за намалување на штети од употреба на дроги.
Водоснабдувањето ќе се подобри со новиот водовод, а сметот треба да го менаџира германската фирма, најавува општина Тетово.
Земјоделците во полошко се жалат на слабиот пласман на производите.
Фабриката „Тетекс Јарн“ која лани беше во стечај, стартуваше со производство. Извезуваат во скандинавските земја, а наскоро и во Америка.
По реконструкцијата на ски лифтовите како и хотелите, ски центарот Попова Шапка подготвен за првите туристи за претстојната зимска сезона.
Променливото време негативно влијае врз здравјето на граѓаните. Здравствените амбуланти деновиве се полнат со пациенти.
Најмалиот етно музеј во светот сместен во тетовско Џепчиште ова лето го одбележува 20-тиот роденден.
Домовите на жителите на тетовското село Беловиште, каде најчесто живеат повратници од прекуокенските земји, мета на крадци.
Десет години откако беше запален во воениот конфликт во 2001 година, почнува обновата на манастирот Свети Ѓорѓи во Мала Речица.
На Попова Шапка оваа сезона сметаат дека ќе привлечат повеќе скијачи од порано бидејќи ги подобриле условите за скијање.
Секојдневно на планинскиот бисер Шар Планина се фрла разновиден отпад, но за ваквиот прекршок надлежните многу малку казнуваат
Преку образованието стереотипите се уриваат, а положбата на жената Албанка се повеќе се менува. Според експертите сепак сеуште постои нејзино дискриминирање во рамки на семејството.
Љуба Синадиновска од тетовското Блаце и Индиецот Џорџкути Пунакту заедничкиот живот го поминуваат на три страни од светот.
Поради излевањето на реката Вардар, неколку села во тетовско се под вода. Жителите се жалат дека претрпеле огромни штети, бидејќи е уништето се што имале засадено на нивите, но и земјоделските производи сместени во амбарите.
Универзитетот на Југоисточна Европа во иднина ќе троши се помалку електрична енергија, а просториите ќе се греат и ладат со помош на подземни води, сончева и енергија од ветерот. Ова е дел од проектот климатски акционен план за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија кој ќе се спроведе на универзитетот.
Производителите на јаболка од тетовскиот регион велат дека се соочуваат со премногу ниска откупна цена за јаболката од само два до три денари, што неможе да ги покрие трошоците за производство. Тие велат дека државата не им помага ниту во обезбедувањето на пласман.
Во Тетово и Гостивар, пушачите успеаа да запалат цигара и да го ,,прејдат" законот за забрана за пушење. Иако уредно во објектите е ставен натпис дека пушењето е забрането, сопствениците на кафе баровите наместо пепелник носат тацна, а кој сака да запали цигара тоа го прави на негова одговорност.
Вчитај повеќе