Михаило Донев новинарската кариера ја започнува во Слободен Печат, а потоа работи и како новинар во Телевизија 24 и 360 Степени. Од август 2023 година работи како новинар во Радио Слободна Европа.
Трендот македонски работници, пред сè од угостителството, летниот период да работат во Хрватска се зголемува од година во година. Агенциите кои посредуваат за работа таму, велат годинава интересот е значително зголемен. 13.412 Македонци имаат работна дозвола летово да го поминат во Хрватска.
Македонските угостители увезуваат работна сила од Далечниот Исток откако домашните почнаа да заминуваат на работа во Хрватска. Причина за заминувањето се ниските плати од 350 до 500 евра. Но тоа е една од причините и што и увезените работници од Непал, Индија, Пакистан бегаат во земјите на ЕУ.
Дури 73 отсто од геј луѓето во земјава ја кријат својата сексуална ориентација на работа, 27 отсто се изјасниле дека биле дискриминирани на работно место, а расте и насилството врз нив, покажува најновото истражување на ЕУ. Активистите тврдат - тоа се должи на порастот на антиродовите движења
Иако и во Националната стратегија за спречување на корупција е наведено дека МОН треба да изготви подзаконски акти до 2022 година, досега нема никакви правила за за набавките во училиштата финансирани со пари од родителите. Центарот за граѓански комуникации проценува дека годишно на овој начин нетранспарентно се трошат 10 милиони евра.
Полагањето на државната матура почнува на 1 јуни и прв пат ќе се полага во големи простори по скандалот лани кога на вибер беа споделени прашањата. Голем интерес на матурантите и за симулацијата на полагањето. Нема да има блокатори за мобилни телефони, но електронски уреди ќе бидат забранети.
Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна и превоз, се дел од барањата што работниците ги испорачаа на традиционалниот првомајски протест.
На гласачките места во Скопје, кои ги посетивме во текот на денот, изјаснувањето на граѓаните со право на глас се одвива без проблеми. Тоа го потврдија и претставници на избирачките одбори и граѓаните. Затекнавме и странски набљудувачи. Гласачките места се затвораат во 19 часот.
На гласачките места во Скопје, кои ги посетивме претпладне, изјаснувањето на граѓаните со право на глас се одвива без проблеми. Тоа го потврдија и претставници на избирачките одбори и граѓаните. Затекнавме и странски набљудувачи. Гласачките места беа отворени во 7 часот, а ќе се гласа до 19 часот.
Сезоната со пожари на отворено ќе ја дочекаме со 50 отсто помал воздушен капацитет за гаснење во однос на лани, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. За гаснење пожари од воздух пак, државата располага и со два армиски и два авиона на МВР.
Штрајкот на младите приватни специјализанти велат дека ќе трае додека не им, се исполнат барањата или не добијат гаранции за тоа. Незадоволни се од платите, од нерегулираниот работен однос, а најмногу се огорчени што немаат здравствено осигурување. Докторките немаат право на платено породилно отуство и им се стопира специјализацијата.
Некои пијат кафиња, други се шетаат по дуќани, трети праќаат политички пораки, а некои и се водители на поткасти. Оваа активност на кандидатите за политички функции за дел од експертите е нормална предизборна себе промоција, но прашањето е и дали навлегува и во сината зона на почитувањето на законите?
Во Хрватска годинава биле откриени три, a лани една пратка зеленчук увезен од Северна Македонија што содржел опасни пестициди. Државниот инспекторат за РСЕ потврдува дека залихи на пестицидот хлоропирфос, забранет во ЕУ од 2020, се уште се користат во земјоделието. Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека домашниот зеленчук е безбеден.
Новата зграда која ФИНКИ требаше да ја добие во рамките на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ почна да се гради во 2015 година, но веќе пет години градежни активности нема. Изведувачот отиде во стечај, а МОН не распишува нов тендер. Студентите од ФИНКИ принудени да одат на настава на други факултети
Документот е продолжение на Декларацијата за подобар студентски стандард потпишана пред четири години, од кој круцијалните барања останале неисполнети. Сегашните студенти немаат многу надеж дека овојпат ќе биде поинаку, но нивните студентски лидери бараат притисокот врз властите да биде посилен.
Епидемијата на големата кашлица натера многу родители да ги вакцинираат децата, но паниката донесе редици, и некои од нив за РСЕ велат дека чекале со часови. Проблемот е и што децата мора да бидат здрави, а процесот на вакцинација и ревакцинација е временски долг. Проблем плус, зошто над 50 насто не се вакцинирани е и раширеното антиваксерство
И покрај малиот интерес за студирање македонски, за македонистите добро е донесувањето на нов закон за употреба на македонскиот јазик. Очекуваат со стипендии и гарантирани вработувања да се привлечат студенти. Останува проблемот што се помалку активно се говори стандардниот македонски јазик.
Цените на становите догодина ќе се стабилизираат, но нема да одат во надолна линија, предвидуваат градежниците. Тие се правдаат дека драстичниот скок на цените по метар квадратен се резултат на постковид кризата - зголемена инфлација, повисоки комуналии, зголемени трошоци за градба. Ниту Статистика, ниту Катастар од 2019 не ги следат цените на становите во државата.
Во исчекување на првите два километри од автопатот од Скопје до граничниот премин Блаце кој води кон Косово во должина од 12 километри, власта минатиот месец се пофали дека ги „закрпила“ дупките на магистралниот пат Скопје - Блаце.
Вчитај повеќе