Украински војници велат дека се сомневаат во прогласувањето на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот со Украина, кој треба да започне на 8 мај. Киев одговори со повик за итен прекин на огнот во траење од еден месец.
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека денеска за прв пат организираа „марш за ангелите“ во Скопје, со барање правда и одговори за текот на истрагата. Пред Јавното обвинителство тие побараа оставка од повеќе поранешни и актуелни функционери.
Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Марта Кос изрази очекување дека до крајот на нејзиниот мандат како комесар во Европската комисија, позиција што ја презеде пред седум месеци, Црна Гора и Албанија би можеле да станат членки на Европската унија. Македонија е тажна приказна, вели кос.
Украинско момче од Херсон раскажува како било принудно пренесено во Русија и сместено во камп за превоспитување. Боло ослободено од организацијата Спас за Украина.
Руските бомби и артилерија оставија разорен белег во Украина, претворајќи ги некогаш просперитетните градови во сцени на речиси целосно уништување. Снимките од беспилотни летала ја покажуваат штетата од руските напади откако градовите дојдоа во опсегот на артилерија
Авганистанските музичари беа прогонувани откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во 2021 година и многумина избегаа во Пакистан. Сега, кога Пакистан започна нова кампања за депортирање на Авганистанците, тие се загрижени за својата иднина.
Руски војници, кои се борат во Украина, се предупредуваат за таканаречените „црни вдовици“ - жени кои ги заведуваат и се мажат со нив со цел да ги добијат нивните воени бенефиции, ако загинат.
Не е прв пат да има барања за системски промени, но интересно е што група луѓе протестираат, барајќи го она за која што владата се залага, вели Неда Здравева, претседателка на Хелсиншкиот комитет, кој ја мониторира и истрагата за пожарот во Кочани.
Глобалната продажба на Тесла опадна нагло во текот на првиот квартал од 2025 година поради улогата на Илон Маск во американската политика, но побарувачката во Украина е во пораст. Конкуренцијата од евтините кинески возила помогна да се намалат цените за автомобилите Тесла.
По повеќе од две години сослушување и сведочење на 125 сведоци, обвинителите во специјалниот косовски суд во Хаг, се очекува да го завршат случајот против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.
Новите видеа распространети низ кинеските платформи за социјални медиуми покажуваат како Русија ги таргетира кинеските граѓани да се борат во Украина, нудејќи високи плати и шанса за ретко борбено искуство.
Во украинскиот регион Дњепропетровск, руските воздушни напади ги принудуваат луѓето повторно да се раселуваат. Хуманитарна невладина организација им помага на семејствата со деца да се евакуираат и да се упатат кон побезбедна територија на западниот дел на земјата.
Вчитај повеќе