По скоро една деценија како што НАСА и плаќа на Русија за да испраќа свои астронаути во орбитата, на 27-ми мај, тие повторно од американско тло ќе почнат да полетуваат и тоа во американски хипермодерен вселенски брод.
Враќање во иднината: американските астронаути повторно дома

1
Ова е капсулата „SpaceX Crew Dragon“. Вселенското летало е предвидено да пренесе двајца американски астронаути на Меѓународната вселенска станица на 27 мај.

2
Капсулата ќе биде поставена на ракетата SpaceX Falcon 9, прикажана тука за време на лансирањето во јануари 2020 година. Изминативе девет години, НАСА и плаќаше на Русија скоро 86 милиони американски долари за место за да ги испрати своите астронаути во вселената, откако 30-годишната програма на американскиот „Space Shatle“ беше повлечена во 2011 година.
![Внатрешноста на капсулата „Crew Dragon“, која може да прими седум астронаути. Во 2008 година, основачот на „Space X“, Елон Маск, рече: „Crew Dragon всушност го доби името по [песната од 1960-тите години] Паф Меџик змејот затоа што толку многу луѓе мислеа дека морав да пушам марихуана за да го направам овој потфат“. Некои веруваат дека стиховите на песната наведуваат на употреба на дрога.](https://d15t475e36mjva.cloudfront.net/68b70952-c38c-48e1-b5aa-3fd6705a3ffd_w1024_q10_s.jpg)
3
Внатрешноста на капсулата „Crew Dragon“, која може да прими седум астронаути.
Во 2008 година, основачот на „Space X“, Елон Маск, рече: „Crew Dragon всушност го доби името по [песната од 1960-тите години] Паф Меџик змејот затоа што толку многу луѓе мислеа дека морав да пушам марихуана за да го направам овој потфат“. Некои веруваат дека стиховите на песната наведуваат на употреба на дрога.
Во 2008 година, основачот на „Space X“, Елон Маск, рече: „Crew Dragon всушност го доби името по [песната од 1960-тите години] Паф Меџик змејот затоа што толку многу луѓе мислеа дека морав да пушам марихуана за да го направам овој потфат“. Некои веруваат дека стиховите на песната наведуваат на употреба на дрога.

4
Екипажот е главното ажурирање на првата капсула Crew Dragon на SpaceX (на сликата), која леташе нa беспилотни мисии за снабдување на Меѓународната вселенска станица од 2012 година.