И покрај најавата од претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, дека на независните не им требаат потписи за да учествуваат на изборите, граѓанските иницијативи продолжуваат да собираат потписи за да формираат партии.
одека роднините на жртвите продолжија со протестите во очекување на правдата за пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 62 ца, судот ги собира приговорите и ќе го оценува обвинението. Обвинителството пак се уште работи на истрагата за полицајците.
По ланскиот упадот, во М-НАВ е ангажирана полицијата, но веќе неколку месеци нема чувари од агенција за обезбедување. Безбедноста не е на потребното ниво, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контроли на летање во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
На осмите по ред локални избори во Северна Македонија, ќе се бираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Градот Скопје. Државата за овие избори предвиде 9,7 милиони евра. Голем дел од кандидатите веќе се познати. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање.
Сеизмолошката опсерваторија може да остане без 13 станици за мерење земјотреси бидејќи завршува меѓународен проект. Таа е единствена која е овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа во Северна Македонија. Што значи овој проблем за државата и што треба да стори власта?
Пракса станува пред избори спортските трибини да се користат за политички битки со етнички предзнак, велат аналитичари за РСЕ. Според нив, на политичките партии полесно им е да дебатираат за говор на омраза отколку за спроведени локални проекти.
Вчитај повеќе