Стотици украински пожарникари десетина дена се бореа против пожарите во близина на нуклеарната централа Чернобил. Пожарите започнаа на 3 април во западниот дел на зоната. Областа беше испразнета во април 1986 година по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Вршителот на должноста директор на државната инспекција за екологија на Украина Ехор Фирсов на 14 април изјави дека пожарникарите успеале конечно да го изгаснат пожарот.
Како украинските пожарникари се бореа со пожарот околу Чернобил

5
Оваа слика направена на 12 април ги покажува последиците од шумскиот пожар недалеку од нуклеарната централа во Чернобил.

6
Чад од шумскиот пожар во близина на Чернобил на 10 април. Гринпис Русија предупреди дека пожарите биле многу поголеми отколку што признале властите во Киев и дека тие претставуваат ризик од зрачење.

7
Чадот и пламенот и дадоа на шумата морничав портокалов сјај. Официјални лица соопштија дека зрачењето во регионот и во главниот град, Киев, било на „дозволено“ ниво.

8
Украински пожарникари во близина на селото Рахивка. Беа ангажирани повеќе од 400 пожарникари.