Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Македонија во пламен, соседите на помош во гаснење на пожарите

9
Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и неговиот српски колега Александар Вулин во посета на Старо Нагоричане каде има пожар. Србија испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија.

10
Еден од четирите хеликоптери за гаснење пожар што ги испрати Србија во Македонија.

11
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути на граничниот премин Табановце го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија

12
Екипи на Пожарна Скопје им помагаат на своите колеги во Пехчево и Делчево каде што има пожари.