Британија, светските лидери и членови на кралското семејство од целиот свет денеска се збогуваат со кралицата Елизабета на државен погреб со неповторливa величественост. Тоа е првиот државен погреб по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година.
Во историската Вестминстерска сала во Лондон изутрината заврши четиридневното оддавање почит во кое стотици илјади луѓе чекаа во редици да минат покрај ковчегот на 96 годишниот монарх кој помина седум децении на британскиот трон
Последно збогум за Кралицата

9
Последно збогум за Кралицата

10
Кралското семејство на заедничката молитва

11
„Овде, каде што кралицата Елизабета се омажи и круниса, се собираме од целата нација, од Комонвелтот и од земјите во светот, да жалиме за нашата загуба и да се потсетиме на нејзиниот долг живот на несебична служба“, изјави Дејвид Хојл, раководител на Вестминстер

12
Кралот Чарлс, неговите браќа и сестри и синовите, принцовите Вилијам и Хари и другите членови на семејството Виндзор полека одеа зад ковчегот додека се носеше со кочијата до Вестминстерската опатија, предводена од околу 200 гајдаџии и тапанари