Британија, светските лидери и членови на кралското семејство од целиот свет денеска се збогуваат со кралицата Елизабета на државен погреб со неповторливa величественост. Тоа е првиот државен погреб по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година.
Во историската Вестминстерска сала во Лондон изутрината заврши четиридневното оддавање почит во кое стотици илјади луѓе чекаа во редици да минат покрај ковчегот на 96 годишниот монарх кој помина седум децении на британскиот трон
Последно збогум за Кралицата

17
И правнуците на кралицата дојдоа на погребот

18
BRITAIN-ROYALS/QUEEN

19
„Во последните 10 дена, мојата сопруга и јас бевме длабоко трогнати од многуте пораки на сочувство и поддршка што ги добивме од оваа земја и од целиот свет“, се вели во соопштението на Чарлс, синот на Елизабета и новиот крал

20
Десетици милиони во Британија и во странство го гледаат погребот на монархот, нешто што никогаш досега не било емитувано на телевизија