Протест на приватните превозници: Исполнување на барањата или уште поголема блокада
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места

13
Полицијата се обидува да го регулира и олесни сообраќајот со пренасочување кон споредните булевари и улици

14
Приватните превозници минатата недела најавија и пријави за обвинувањата дека при нивното работење имало, како што велат, криминал

15
Скопјани кои ги користат приватните автобуси за градски превоз се поделени - едни го поддржуваат протестот, другите бараат да им се овозможи непречено да стасаат каде што тргнале

16
Сите сме заедно во ова и нема отстапување, велат превозниците