Руските сили ги интензивираат нападите за заземање на нуклеарна централа во Запорожје
Руските сили ги засилуваат напорите да ја преземат контролата врз нуклеарната централа во Запорожје, југоисточна Украина, тврдат украински власти. Руските трупи се обиделе да ја пробијат барикадата до централата подигната од локалните жители и силите за територијална одбрана, објави советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Херашченко.
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за сите точки
Украинскиот претседател Володимир Зеленски говорејќи за денешните преговори со Русија изјави дека не се работи за условите кои ги поставува нивниот сосед туку за за поентата зад секое прашање. „Ние сме подготвени, како што реков, да разговараме за сите овие точки“, рече тој.
ЕУ одобри мерки за заштита на украинските бегалци
Европската унија денеска ги одобри мерките што обезбедуваат привремена заштита на стотиците илјади бегалци од Украина кои доаѓаат во блокот за да ја избегнат руската инвазија. Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон ја објави одлуката по состанокот на министрите за внатрешни работи од 27-те членки на блокот.
Украина на преговорите побарала прекин на огнот и хуманитарни коридори
Украинските преговарачи на денешните разговори со руските претставници во западниот белоруски регион Брест побарале прекин на огнот и хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните кои се опколени за време на инвазијата.