Собранието ја усвои декларацијата за осуда на инвазијата врз Украина
Собранието со 100 гласа „за“, тројца „против“ и ниту еден „воздржан“ ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Декларацијата беше поднесена од пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ, по скратена постапка.
Изгаснат пожарот во нуклеарната централа во Украина која беше нападната од руски трупи
Украинските служби за управување со кризи и итни случаи соопштија дека е изгаснат пожарот што горел без контрола во текот на ноќта во нуклеарната централа Запорожја која се наоѓа во југоисточна Украина. До ова дојде откако локалните власти соопштија дека руските сили отвориле оган врз објектот во текот на ноќта додека се приближувала руска колона.
Изгаснат пожарот во нуклеарната централа во Украина која беше нападната од руски трупи
Украинските служби за управување со кризи и итни случаи соопштија дека е изгаснат пожарот што горел без контрола во текот на ноќта во нуклеарната централа Запорожја која се наоѓа во југоисточна Украина.
До ова дојде откако локалните власти соопштија дека руските сили отвориле оган врз објектот во текот на ноќта додека се приближувала руска колона. Нуклеарната централа во Запорожје, во близина на реката Днепар, е најголемиот во Европа и произведува повеќе од една петтина од домашната електрична енергија во Украина.
Претседателот Володимир Зеленски објави видео обраќање во кое ги повика Европјаните со изјавата „ве молиме разбудете се, и кажете им на вашите политичари дека руските трупи пукаат кон нуклеарна централа во Украина“.
Не е откриено истекување по нападот на нуклеарната централа во Украина од руски трупи
Не е забележано истекување од нуклеарната централа во Запорожје, која синоќа беше во пламен, што украинските служби за итни интервенции го изгасија, соопштија надлежните од Украинската нуклеарна агенција.
Украинската нуклеарна централа синоќа беше мета на руските сили кои еден час ја гранатирале. Биле запалени просториите на третиот и четвртиот кат, и засега нема повредени при пожарот, се вели во соопштението.