Не е откриено истекување по нападот на нуклеарната централа во Украина од руски трупи
Не е забележано истекување од нуклеарната централа во Запорожје, која синоќа беше во пламен, што украинските служби за итни интервенции го изгасија, соопштија надлежните од Украинската нуклеарна агенција. Украинската нуклеарна централа синоќа беше мета на руските сили кои еден час ја гранатирале.
Руските сили ја зазедоа украинската нуклеарна централа по изгаснатиот пожар
Локалните власти во Запорожје соопштија дека руските сили ја зазеле локалната нуклеарна централа неколку часа откако се запалила поради едночасовното гранатирање на врз објектот во текот на ноќта од страна на руските воени сили.
Русија го ограничи пристапот до РСЕ, Би-Би-Си и Дојче веле и социјалните мрежи
Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор денеска соопшти дека го „ограничил“ пристапот до веб-страниците на независните медиуми, бидејќи властите ги продолжиле очигледните напори да спречат пристап до надворешните информации на руските говорници во услови на тековната инвазија на Украина. Повеќето веб-страници на Радио Слободна Европа, Би-Би-Си и Дојче веле на руски јазик заедно со Фејсбук, Твитер и он-лајн продавниците за апликации на Епл и Гугл беа блокирани синоќа.
До 15 години затвор за лажни вести и дискредитирање на руската војска
Руската Државна дума денеска едногласно ги усвои измените на Кривичниот законик, според кои за изнесување лажни информации за дејствата на Војската на Русија и воените операции и дискредитацијата на војската е предвидена казна до 15 години затвор. Овие измени се носат во ек на руската инвазија врз Украина, кога Москва ги задушува медиумите и им се заканува на новинарите кои известуваат за жестокиот отпор од украинските сили и покрај големата руска воена надмоќ.