Бегството на Вероника и Стефан од Одеса до Скопје
Стефан е Македонец, а Вероника Русинка половина од животот го минала во Украина. Се запознале преку социјалните мрежи, а Одеса неколку месеци била нивен дом. Но руската инвазија ги натера на бегство. Два дена траело нивното патешествие од Одеса до Скопје.
Кремљ со повик до Русите за поддршка на Путин
Кремљ ги повика Русите да му дадат поддршка на рускиот претседател Владимир Путин. Ова соопштение доаѓа на девет ден по почетокот на руската инвазија врз Украина. „Сега не е време да се делиме. Сега е време да се обединиме, да се обединиме околу нашиот претседател“ изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Кина изрази загриженост за безбедноста по руското заземање на нуклеарната централа во Украина
Кина изрази загриженост за безбедноста по руското заземање на најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, каде што при нападот изби и пожар. и повика на „воздржаност“ во однос на настаните во Украина. Кинеското Министерство за надворешни работи побара од сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки на Украина.
Столтенберг: НАТО нема воено да се инволвира во Украина
НАТО нема да биде дел од конфликтот меѓу Русија и Украина изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по вонредниот состанок во Брисел. Тој вели дека војната во Украина ќе донесе жртви и уништувања во наредните денови.