САД не се подготвени да забранат летови над Украина
И покрај молбата на Киев, Вашингтон не е подготвен да поддржи забрана на летови над Украина, бидејќи на тој начин ќе ескалира судирот со Русија „на потполно друго ниво“ изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Киев ја обвини Русија за кршење на правилата за војување, Путин вели „нема лоши намери“
Киев ја обвини Русија дека ги крши правата на цивилите и правилата за војување.Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги обвини руските војници дека целеле цивили со бомби и извршиле силувања во украинските градови, но без да приложи докази за тврдењата. Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин одржа говор во кој тврди дека нема „лоши намери“ кон соседите.
Советот за безбедност на ОН заседава за штетата и руската заплена на нуклеарната централа во Украина
Дипломатите велат дека Советот за безбедност на ОН закажал итен состанок за денеска (4-ти март) по пожарот во нуклеарната централа што ја предизвикаа руските сили.
Меѓународната агенција за атомска енергија, украинската нуклеарна агенција и нуклеарни претставници од целиот свет рекоа дека не е утврдено истекување од нуклеарната централа Запорожјe, откако надлежните конечно го изгаснаа пожарот што избувна во текот на ноќта, по гранатирањето во непосредна близина од страна на руските сили.
Црна Гора го затвори воздушниот простор за руски авиони
Воздушниот простор на Црна Гора е затворен за сите руски авиони со одлука на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на предлог на Министерството за капитални инвестиции, потврдија од црногорското министерството за Радио Слободна Европа. Со ова, Црна Гора им се приклучи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), кои на 27-ми февруари го затворија својот воздушен простор за Русија, како одговор на руската воена инвазија на Украина.