Мајкрософт ја прекина продажбата на своите производи и услуги во Русија
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека ја стопира продажбата на своите производи и услуги во Русија. Таа е уште една од низата западни компании кои се оградуваат од Москва по инвазијата на Украина, пренесува Ројтерс.
Покрај стопирањето на продажбата, „Мајкрософт“ запре многу аспекти од својот бизнис во Русија во согласност со владините санкции, изјави претседателот на компанијата Бред Смит.
Путин му кажал на Шолц дека Украина мора да ги исполни руските барања
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Москва е подготвена за разговори со Украина, но инсистира на тоа дека мора да бидат исполнети руските барања, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.
Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Украина мора да прифати демилитаризација, да го прифати суверенитетот на Москва над Крим и да ја предаде територијата на истокот, која е под сепаратистите кои се поддржани од Русија, наведува Кремљ во соопштение по телефонскиот разговор меѓу Путин и Шолц.
Во Белград се одржа собир за поддршка на Русија
Во центарот на Белград денеска се одржа собир за поддршка на Руската Федерација, која на 24 февруари започна инвазија на Украина. Собирот го организираше екстремно десничарската група од Србија „Народни патроли“.
Гранатирање, пожар па руско заземање на украинска нуклеарна централа
За украинските власти и експерти, заземањето на нуклеарната централа Запорожјe е „нуклеарен тероризам“. Тие предупредија дека опасноста во централата не е завршена. Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Москва е подготвена за разговори со Украина, но инсистира на тоа дека мора да бидат исполнети руските барања. По пожарот во украинската нуклеарка, Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок за денеска.