Од Москва до Јакутск, подготовките за претстојните новогодишни и божиќни празници се во полн тек, во услови на тешка пандемија на коронавирусни заболувања. Различни празнични украси и светла се поставени за претстојните прослави.
Украсена Русија во пресрет на Нова Година и Божиќ
Москва и другите градови низ Русија се подготвуваат за зимските празници среде пандемијата на Коронавирус.

1
Луѓе покрај огромни светлосни скулптури на поларни мечки инсталирани како дел од украсите за новогодишните и божиќните празници во Москва, на 14 декември 2020 година.

2
Лампиони и светла се гледаат на дрвјата украсени за Божиќ и Нова Година за време на изгрејсонцето над Црвениот плоштад, со катедралата Свети Василиј и кулата Спаскаја, десно, во позадина во Москва, на 12 декември 2020 година. Московскиот градоначалник Собјанин рече дека нема да има масовни новогодишни прослави во градот оваа година поради постојаната пандемија.

3
Жени стојат надвор од стоковната куќа ГУМ украсени со светла за Божиќ и Нова Година на Црвениот плоштад во центарот на Москва, Русија на 8 декември 2020 година.

4
Жена со маска за лице шетајќи низ празничните украси во форма на ѕезда поставени за претстојните новогодишни и божиќни празници пред трговскиот центар во Москва на 11 декември 2020 година.