Слики на билборди на улиците во Белград со изрази на српска „благодарност“ за Кина се објавени низ целиот свет. Но, тие може да имаат понеобично значење од она што го прикажуваат.
Јавна српска благодарост до Кина за нервирање на ЕУ

1
Видеобим со кинеско знаме во главниот град на Србија, Белград. Ова е едно од неколкуте прикази на про-кинески пораки инсталирани низ цела Србија за време на пандемијата на коронавирус.
![Знак што очигледно го платил Информер, српски весник поддржан од владата. На билбордот пишува: „Благодарам брате [кинескиот претседател] Си“. Знакот беше инсталиран откако Кина испрати медицински материјали во Србија среде пандемијата на коронавирус. Останува нејасно колкав дел од испораката е платен и колку е дониран. Кина е критикувана нашироко за неинформирањето за вирусот кога започна во Вухан кон крајот на 2019 година. ](https://d15t475e36mjva.cloudfront.net/2f874cec-1100-41ce-9260-11dbf3cff627_w1024_q10_s.jpg)
2
Знак што очигледно го платил Информер, српски весник поддржан од владата. На билбордот пишува: „Благодарам брате [кинескиот претседател] Си“.
Знакот беше инсталиран откако Кина испрати медицински материјали во Србија среде пандемијата на коронавирус. Останува нејасно колкав дел од испораката е платен и колку е дониран. Кина е критикувана нашироко за неинформирањето за вирусот кога започна во Вухан кон крајот на 2019 година.

3
Транспарент во центарот на Белград: „Срби и Кинези, засекогаш браќа“
Огњен Зориќ, српски новинар од Балканскит сервис на РСЕ / РЛ, вели дека кај српската јавност има наклонетост кон Кина, особено по бомбардирањето на НАТО во 1999 година на Југославија, на кое Кина се спротивстави, но знаците како овие може да бидат насочени кон привлекување на вниманието на ЕУ. Србија е кандидат за пристапување во ЕУ од 2011 година.

4
Транспарент што ги поврзува српското, кинеското и руското знаме, на една општинска зграда во јужен Белград на 13 април. На транспарентот пишува: „Железни пријатели, делиме добро и зло!“ Десно од тоа пишува: „И благодариме на братска Русија! “