2011: Светот низ фотографии

47
Поранешниот советски претседател, Михаи Горбачов зборува на прес конференција во пресрет на 20 годишнината од државниот удар , на 19 август 1991 година, кој доведе до распад на Советскиот Сојуз.

48
Либиските бунтовници слават во Бенгази, на 21 август, по апсењето на синот на Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам Гадафи, и делумното потпаѓање на Триполи под власта на опозицијата.

49
Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи на помилувањето на дете бомбаш, на 24 август. Церемонијата на амнестирање на 20- тина младинци се одржа за време на крајот на рамазанските пости.

50
Силно невреме се спушта над Менхетн и Бруклинскиот мост во Њујорк, на 28 август откако ураганот Ирена го погоди источниот брег на САД, предизвикувајќи најмалку девет жртви.