Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, погребен е денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел. Од Глигоров во капелата се простија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, началикот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, претставници на дипломатскиот кор, високи актуелни и поранешни политички и јавни личности. Согласно неговата последна желба, одржана е граѓанска погребна церемонија без државнички и црковни почести.
Македонија се прости од Киро Глигоров

17
Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски зборува на комеморативната седница по повод смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров во седиштето на партијата во Скопје.

18
Претседателот Ѓорге Иванов се потпиша во книгата на жалост за поранешниот претседател Киро Глигоров.

19
Премиерот Никола Груевски се потпишува во книгата на жалост за поранешниот претседател Киро Глигоров во вилата Водно во Скопје.

20
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се потпиша во книгата на жалост за поранешниот претседател Киро Глигоров.