Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, погребен е денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел. Од Глигоров во капелата се простија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, началикот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, претставници на дипломатскиот кор, високи актуелни и поранешни политички и јавни личности. Согласно неговата последна желба, одржана е граѓанска погребна церемонија без државнички и црковни почести.
Македонија се прости од Киро Глигоров

34
Во 1995 година врз претседателот Киро Глигоров беше извршен атентат. Сторителите се уште не се пронајдени.