Приврзаници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ спротивставени пред Градската болница во Скопје, во близина на Собранието, а Народниот фронт за Македонија пред Трумфалната порта. Меѓу нив силно полициско обезбедување. Одвреме навреме над главите ќе им прелета некој камен, јаболко или шише. Опозицијата се противи на донесувањето на буџетот, таков каков што е предложен.
Буџетска драма - Протести, камења и тензии пред Собранието

17

18
Пратениците од опозицијата протестираат во Собранието. Го блокираат влезот во салата за да не дозволат да почне седницата на која треба да се донесе буџетот со кој не се согласуваат.