Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржаа божикни литургии. Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски присуствуваа на централното одбележување во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужеше Златоустова литургија. Премиерот Никола Груевски, пак, присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје, а лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски во црквата „Свети Јован Крстител“ во Скопје.
Прослава на Божиќ во Скопје

1
Архиепископот на МПЦ г.г Стефан на божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

2
Божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

3
Божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

4
Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова присуствуваа на божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужеше Златоустова литургија.