Мартин Лутер Кинг на 28 август 1963 година во Вашингтон го одржа легендарниот говор „ Јас имам сон“ за расна и социјална еднаквост. Тоа беше клучен момент во американското движење за граѓански права. Следуваат неколку важни моменти на ова движење.
Историски моменти на движењето за граѓански права

5
Роса Паркс со новинар во автобус во Монтгомери, Алабама во 1956 година по одлуката на судот дека расната сегрегација во јавниот превоз е неуставна.

6
Деветмина афроамериканци во придружба на воени сили во едно училиште во Арканзас. Претседателот Ајзенхауер им нареди на владините сили да ги заштитат децата кои почнаа да одат во училишта за белци. Гувернерот на Арканзас претходно и нареди на полицијата да им забрани влез на децата.

7
Кампања на регистрирање избирачи во Мисисипи 1964 година.

8
Активисти на движењето за граѓански права. Њујорк 23 август 1963.