Изутрината украинската полиција почна да ги отстранува барикадите во Киев. Притоа дошло и до судири во кои имало убиено демонстранти. Потврдено е дека двајца имале прострелни рани. Премиерот Микола Азаров демантира дека одговорни за убиствата биле полициските сили, бидејќи тие наводно во текот на акцијата не носеле огнено оружје.