Во Брисел е претставена новата Европска комисија. Кои се луѓето што во наредните пет години ќе ги гледаме од седиштето на Европската унија.
Кој е нов во Брисел?

9
Јоханес Хан, ЕУ соседство и преговори за проширување: Во претходната ЕК беше комесар за регионална политика. Со најавата на Јункер дека за време на неговиот петгодишен мандат нема да има проширување на ЕУ.

10
Маргете Вестагер, Данска, ЕУ конкуренција: Потенцијално една од најсилните карти на Брисел против Москва во донесувањето одлуки во врска со руски Газпром на европскиот пазар.

11
Сесилија Малстром, Шведска, комесар за трговија: Таа ќе има тешка задача во преговорите за нов трговски договор меѓу ЕУ и САД, особно по скандалот со американско прислушување европски лидери.

12
Пјер Московици, Франција, економски и финансиски прашања: Поранешен министер на Франција за финансии кој ќе треба да балансира со јастребите во ЕК кои бараат поостри мерки за штедење.