Настаните на денот низ фотографии - 1 април 2020 година.
Пари, тунели и онлајн Априлијада

5
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот министер за здравство, Роберт Џенрик, изјави дека Велика Британија планира од средината на април да почне со тестирања за коронавирус на 25.000 лица дневно.

6
САД / ТУРЦИЈА - Претседателите на Соединетите држави и на Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, во телефонски разговор ја нагласија важноста од прогласување примирје за време на глобалната криза со коронавирусот, во Сирија и Либија, соопшти Белата куќа.

7
АВГАНИСТАН - Најмалку седум цивили загинаа, а двајца се повредени денеска при експлозија на бомба поставена покрај патот во авганистанската провинција Хелманд, соопштија локалните власти, пренесе АП.

8
ИРАН - Претседателот на Иран, Хасан Рохани, изјави дека САД пропуштиле историска можност да ги укинат санкциите кон Иран за време на епидемијата на коронавирусот, пренесе Ројтерс.