Настаните на денот низ фотографии - 13 април 2020 година.
Исус лекар и мобилни апликации

1
БРАЗИЛ - Статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил, на католичкиот Велигден беше виртуелно облечена во лекарска облека, со што градот на тој начин им заблагодари на болничарите од цел свет, за сѐ она што го прават во борбата против коронавирусот.

2
МАКЕДОНИЈА - За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот, се забранува движењето за сите граѓани. Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, одлучи Владата.

3
МАКЕДОНИЈА - Четворица пациенти со Ковид-19 починаа на Клиниката за инфективни болести, информираше Министерството за здравство. Двајца се од Скопје – пациентка на 79 години и пациент на 63-годишна возраст, 58-годишен од Велес и 67-годишен пациент од Прилеп, соопшти МЗ. Во последните 24 часа се ригистрирани 26 новозаразени.

4
СРБИЈА / МАКЕДОНИЈА - Србија од денеска почнува со примена на системот на т.н. зелени коридори на одредени гранични премини, меѓу кои и со Северна Македонија, во рамките на ЦЕФТА регионот, а кога ќе се исполнат пропишаните технички услови, во овој систем ќе бидат вклучени и други премини.