Настаните на денот низ фотографии - 12 јуни 2020 година.
Вонредни состојби и наградни игри

5
САД - Генерал Марк Милеј, началник на Здружениот штаб на американските сили изјави дека не било во ред да го придружува претседателот Доналд Трамп на контроверзната прошетка до црквата во близина на Белата куќа во минатата недела. Тој оцени дека неговото присуство во униформа во време на протести за расна неправда создало перцепција дека војската е вклучена во домашната политика.

6
БЕЛГИЈА - Европскиот комесар за надворешни работи Џозеп Борел изјави дека е многу загрижен од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да одобри економски санкции против сите официјални претставници на Меѓународниот кривичен суд вклучени во истрагите за активностите на американските сили.

7
РУСИЈА - Администрацијата на Москва им нуди на жителите можност да добијат потврда за наградна игра, доколку гласаат на референдумот за промена на Уставот, што би му овозможило на рускиот претседател Владимир Путин да се кандидира за уште два мандата.