Историјата бележи уривања на статуи и споменици како што се и овие најновите во САД и Британија по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во полициски притвор.
Соборени статуи и споменици во историјата
Бидејќи јавната расправа бесне околу отстранувањето или вандализамот врз споменици и статуи во Соединетите држави и Британија, се осврнуваме врз некои споменици, урнати во поновата историја.

5
Работници го отстрануваат знакот од некогашната улица Адолф Хитлер во Трир, Германија, во 1945 година по поразот на нацистичка Германија.

6
Главата на Јозеф Сталин е оставена на улицата во Будимпешта, откако статуата на комунистичкиот диктатор беше урната за време на Унгарската револуција во 1956 година.

7
Статуа на деца со цвеќиња, прикажана како му оддава почит на Јозеф Сталин, откако била оштетена за време на унгарската револуција.

8
Споменик од гранит од 15,5 метри на Јозеф Сталин кој стоел над Прага од 1955 година е срушен со експлозив во 1962 година.